Авион поминува преку полна месечина на скопското небо (фото)

По 36 години вчера  се споија три необични лунарни појави супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината.

Овој редок феномен најдобро се гледа од Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија, но мал дел се гледаше и во Европа.

И жителите на Скопје имаа можност да го погледнат феномен познат како „сина крвава супермесечина“.

На фотографијата направена од фотографот  Ѓорѓи Личовски се забележува како авион поминува преку полната месечина на скопското небо.