„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за ковид-19

Авицена лабораторија уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со цел на своите пациенти да им овозможи максимална безбедност и најквалитетна услуга по светски стандарди. Лабораторијата во изминатите неколку месеци обезбеди нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за ковид-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а оствари и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали.

Најново во „Авицена лабораторија“ е високософистициран робот за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во државата. Овој новитет ѝ овозможува на лабораторијата зголемен капацитет на обработка на материјали за ковид-19, со целосно автоматизирана и брза постапка за обработка на резултати, за прецизни и објективни резултати, во кои е исклучена каква било можност од грешка од човечки фактор. Овој робот е единствен од ваков тип во нашата држава, но се користи во многу лаборатории низ Европа и светот.

Покрај ова, лабораторијата за своите тестови за ковид-19 врши целосна внатрешна контрола на квалитетот, како и месечна надворешна контрола на квалитетот од реномираниот институт INSTAND Германија, што претставува гаранција за точни и прецизни резултати.

Погледнете повеќе на видеото: