„Ауди“ запалено среде ноќ во Чаир

 

Повторно запалено возило на подрачјето на Скопје. Случајот е пријавен во полиција, а инцидентот се случил среде ноќ. 

- На 07.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(21) од Скопје. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Нема повредени лица, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.