
Возач на „ауди“ од Куманово е тешко повреден откако излетал од патот и се превртел со возилото.
- На 14.05.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во атар на село Агино село, кумановско, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од патот и се превртело. Во несреќата, возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираа од полицијата за несреќата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.