Атиџе низ солзи: „Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот“

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон за mms.mk изјавила хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова. Таа вели дека повторно има проблеми со соседот, кој со своето семејство исто така се појавува во документарецот.

-Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е по невозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален ама не може тоа така.  Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата  јас со кои пари после пак ке купам крава.  Му реков зошто го правиш ова. А тј кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката:  Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека  не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата  ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака.  Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош..

Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам?  Навистина ми е многу тешко. Од кај тој на мене брат, па јас си имам брат. Тој прави проблем и во Дорфулија ама во Бекирлија нема никој јас сум сама со брат ми, кој е болен. Ќе ни направи нешто и никој нема да ни помогне. И луѓето ми даваат поддршка, ме сожалуваат, ми векаат вие ќе си имате многу мака со него. Ама немам кај да бегам, тој ми е сосед и во Бекирлија и во Дорфулија. Јас никому не сум наштетила и од луѓето навистина не сум видела никакво зло, но ова веќе не се трпи. Како да го тужам кога најпрво полицијата не ми помага а јас од каде да најдам пари за на суд,“, раскажала Атиџе низ солзи за mms.mk