Атиџе ја сними својата песна „Покрај река Брегалница“

Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја“ ја сними својата песна „Покрај река Брегалница“.

За ова информираше на својот „Твитер“ профил кинематографот Самир Љума, кој сподели фотографија од Муратова во студио.

Муратова која неодамна првпат влезе во студио, во таа прилика изјави дека брзо се навикнала на снимањето и била многу пријатно возбудена. Најави дека ќе сними неколку песни.