АСОМ: Согласно новите мерки за заштита од Ковид-19, нема да нудиме угостителски услуги во нашите објекти по 23 часот

социјацијата на спортски обложувалници информира дека откако со новите мерки за заштита од Ковид-19 се забрани работа на угостителските објекти по 23 часот, согласно истите ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот.

„Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако со одлука на Владата, спортските обложувалници од 13 мај повторно ги отворија своите уплатно-исплатни места, работиме во целост согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и ниту еден наш објект не е затворен заради Ковид-19. Продолжуваме доследно да се придржуваме до протоколите, грижата за нашите вработени и играчи и заштитата на колективното здравје остануваат наш највисок приоритет.  “ – истакнуваат од АСОМ.

Со оглед на влошената епидемиолошка состојба, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници.

Според проколот за работа,  во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.

Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.

За потсетување, спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ, и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.

Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk