Ашваганда – лек против остеоартритис

Ашвагандата е лековита билка која е многу позната во ајувердската медицина.

Photo by Indivar Kaushik on Unsplash

Таа има потенцијал да ги ублажи тегобите кај остеоартритисот  на колената. Луѓето кои имаат проблеми со ова заболување често користат различни лекови кои во голем дел од случаите не го решаваат проблемот, а би можеле да предизвикаат несакани последици.

Во потрага по ефикасно решение, истражувачите од Низам институтот на медицински науки во Хајберабад (Индија) го утврдиле бенефитот од оваа билка. Во претходни истражувања, веќе е дојдено до сличен заклучок, а ова истражување само го потврдува тоа. 

Резултатите покажале дека пациентите кои редовно земале ашваганда за намалување на болката, известиле не само за намалена болка, туку и за вкочанетост и поголема способност при движењето. Притоа, групата која добивала поголема доза од 250 мг, известила за подобри и побрзи ефекти во однос на другата група која добивала 125 мг.

Освен тоа, ашвагандата е позната по своите ефекти за смирување и чувство на релаксација во нашето тело. Така, таа често се препорачува кај оние кои се мачат со вознемиреност, нервоза, па и депресија.