Асфалтирање на улица „5“ во Ново Село

Во тек се финалните подготовки за асфалитрање на една од улиците во најлоша состојба во овој дел на градот. Компанијата „Карпош“ се подготвува да спроведе асфалтирање на улица „5“ во скопската населба Ново Село, Општина Ѓорче Петров. Улицата која редовно се претвора во кал’лива река при секој дожд, конечно ќе добие асфалт. Од Општина Ѓорче Петров велат дека улицата ќе биде со ширина од 6 метри, во должина од 780 метри. Изградбата се очекува да биде готова набрзо, веќе во јуни.

Одтаму се правдаат дека асфалтирањето доцни од причина што словенечката фирма која е одговорна за изградбата на пречистителната станица за отпадни води, се обврзала да ја реконструира улицата откако ќе заврши со примарните градежни зафати на пречистителната станица. Словенците го одовлекувале потпишувањето на договорот. Но сега, на инсистирање на граѓаните и на интервенција на градоначалникот Сокол Митровски, потпишана е спогодба и градежните работи се очекува да започнат.