Асфалтирање на пешачката и велосипедска патека во Гази Баба

Град Скопје со активности за асфалтирање на пешачката и велосипедска патека, како и уличното осветлување на реконструираната улица Благоја Стефковски го завршува проектот за реконструкција на оваа улица во првата фаза.

Оваа година во својот буџет градот Скопје одвои средства за продолжување со втората фаза од реконструкцијата на оваа улица од крстосницата со улицата Петре Филиповски Гарката према Кино Маџари.