Асфалтирана улицата Јустинијан Први во Драчево

Се изврши асфалтирање на улица „Јустинијан Први“ во Драчево, Општина Кисела Вода.

Град Скопје вчера заврши со втората фаза на реконструкција на улицата, а тоа подразбира асфалтирање од улица Малешевска до улица Славка Динкова. Увид изврши и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. 

Минатата недела се заврши првата фаза од мостот на Маркова река до улица Малешевска со што оваа улица е реконструирана во вкупна површина од 7000 м2 и должина од 1000 метри.

Во Драчево продолжува реализацијата на проектот за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова која е поврзана со Јустинијан I, и тоа во вкупна должина од 1.175 метри, а едновремено се врши за прв пат и изградба на атмосферска канализација, информираа од град Скопје.