Арсовска со честитка по повод Денот на Власите

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упари честитка по повод денешниот Ден на Власите. 

-Влашката заедница е значаен дел од нашето општество и дел од градењето единство, меѓучовечко разбирање и хармонија. Почитувајќи го етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на Власите, ние го почитуваме достоинството на нашите сограѓани.

Денеска ги славиме различностите и доколку заеднички делуваме и се почитуваме, може да постигнеме поголем напредок за сите. Почитувани претставници на влашката заедница во Македонија, драги пријатели, Ви го честитам денешниот празник, порача таа во својата честитка.