Арсовска се сретна со синдикатите на ЈСП

Градоначалничката Арсовска, со претставници на синдикатите во ЈСП, денеска се обиде да изнајде конструктивно решение за актуелните проблеми со кои се соочува претпријатието. 

Денес имавме конструктивна средба со  претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, напиша таа на Фејсбук.

- На средбата се разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на кадри, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, редовна и правилна распределба на платите, како и за потпишување нов Колективен договор- соопшти Арсовска.