Арсовска пред полноќ ги посети дежурните служби на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје на новогодишната ноќ, пред полноќ, ги посети дежурните служни низ Град Скопје и им посака среќни новогодишни празници.

Арсовска ја посети Брзата помош во поликлиниката „Букурешт“ во Карпош, полициската станица Пролет надлежна за Град Сокпје, СВР Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје во Автокоманда.

-Новогодишната вечер ја минавме со луѓето кои се грижат за нашето здравје и безбедност, припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Чест ми е што имавме можност да сме со нив вечерва, голема почит за нивната неуморна работа во служба на граѓаните, рече Арсовска.