Арсовска на увид на финалните градежни работи на булеварот „Киро Глигоров“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа изврши проверка на финалните работи на булеварот „Киро Глигоров“ кој води од општина Аеродром кон Автокоманда.

-Изградба траеше со месеци. По брзите интервенции веќе за три недели проектот е во завршна фаза, со што ќе се надмине застојот што секојдневно го имаше токму на оваа делница, велат од тимот на Арсовска.