Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, дознава „Скопје1. Според порталот станува збор за Самир Хусени кој е тотална непознаница за јавноста. Од порталот се обиделе да дознаат кој е новиот директор но како и по обичај одговори од градот не се добиваат.
Инаку Хусени е четвртиот директор на оваа позиција. Претходно со Дрисла раководеа, сегашниот пратеник Јане Мицевски, па на негово место дојде Александар Кузинаков кој се задржа најдолго, речиси две години, по него дојде Ненад Јосевски кој беше на позицијата речиси 6 месеци по што од необјаснивни причини е сменет од страна на Арсовска.