Арсовска изврши увид во завршните работи на улицата „Димо Хаџи Димов“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера изврши увид во завршните работи на улицата „Димо Хаџи Димов“ каде се реконструира коловозот со што се овозможува зголемена безбедност за жителите на овој потег, но и за прв пат по целата должина и поврзаните краци се изгради атмосферската канализација.

Во моментот на вториот дел од трасата се реконструира и водоводната мрежа.

-По секое невреме, на оваа траса детектирани се поплави, а со сериозна инвестиција и изградбата на атмосферската канализација се отстрануваат овие недостатоци во интерес на граѓаните, со цел да се превенираат во иднина несакани последици предизвикани од невреме, информираат од Град Скопје.