Арсовска и Тигањ чистеа во градскиот парк

Денеска во Градскиот парк градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше во еколошка акција за чистење, како дел од низата акции кои Градот Скопје ги подржува и реализира во следниот период.

На иницијатива на хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ и Хрватскиот деловен клуб започна првата еколошка акција за чистење, во рамките на која во Градскиот парк поставени се нови канти за отпадоци како донација од приватниот сектор.

- Сакам да ви се заблагодарам на сите за присуството, оваа идеја на Хрватскиот деловен клуб и амбасадорката на Хрватска, е навистина одлична иницијатива за наша заедничка вклученост во вакви еколошки акции, но и начин да ја кренеме свесноста на секојдневните корисници на градскиот парк за потребата да го одржиме паркот чист и убав за сите граѓани да уживаат во пролетното зеленило, истакна Арсовска пред присутните.

Хрватската амбасадорка Тигањ истакна благодарност до Градот Скопје и до градоначалничката Арсовска за нејзиното присуство во денешната акција, која е прва ваква акција со вклученост на хрватската амбасада и која е биде мотив и за останати слични еколошки активности.

Арсовска им се заблагодари на амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, претседателот на Хрватскиот деловен клуб, Драган Ѓоргиевски, како и на над стотината присутни претставници од хрватската амбасада и хрватскиот деловен клуб за нивното залагање во заедничките напори за поубаво и почисто Скопје и истакна дека Градот ќе ја подржи секоја иницијатива за почист град.