Ароматична празнична магија: Рецепт за празничен колач со цимет

За овој празничен колач ќе ви бидат потребни следниве состојки: 

500 грама брашно

150 грама шеќер

125мл масло

2 јајца

прстофат сол

едно пециво и една ванила 

250 грама несолена урда

кора од еден лимон или портокал

600 грама суво овошје (суво грозје, брусница, смокви, кајсии)

200 грама ореви

1 кажица цимет 

рум по желба

За поубав вкус сувото овошје покиснете го неколку часа во течен рум или ликер по вкус.

Првин изматете ги јајцата и шеќерот потоа додадете ја урдата и маслото и постепено со мешање додадете ги оревите и брашното со пецивото и ванилата. На крајот додадете цимет и рендана кора од портокал или лимон. На крајот додадете ситни парчиња од сувото овошје претходно кое стоело со румот.

Вака формираното тесто ставете го на хартија за печење во соодветен калап по ваша желба. Се пече на температура од 170 степени, малку подолго од еден час. 

Кога ќе биде испечен колачот посипете со шеќер во прав. Колачот може да го чувате во фрижидер дури и три седмици! Пријатен апетит.