Низа апсење низ Скопје изминатото деноноќие.
Денеска (13.03.2025) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчераво 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(21) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.