Апсење во Скопје - приведени пет лица

Пет лица биле уапсени во текот на изминатите 24 часа во Скопје поради поседување на марихуана, а еден од нив со себе носел нож на расклопување.

„На 13.07.2020 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј на реката  Вардар во нас.Аеродром го лишиле од слобода И.С.С.(43) од Крива Паланка, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.07.2020 во 16.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Скупи“ го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.07.2020 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Ново Село го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.07.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Рекреативен центар Сарај го лишиле од слобода С.Ш.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.07.2020 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ извршиле преглед кај Ф.Ј.(20) од Скопје, при што бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По докумен“ соопштуваат од МВР.