Апсење во Автокоманда, ова се деталите

На 19.05.2022 во 15.30 часот на ул.„Ташко Караџа" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Е.(45) од Скопје. Т

ој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.