Апсење на скопскиот аеродром, најдено лице кое било барано со потерница

На 31.03.2022 во 07.50 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Тетово, затоа што при извршена проверка било констатирано дека е со мерка „апси” во службената евиденција, по барање од Сектор за меѓународна полициска соработка-Оддел за потраги и од СВР Тетово за издржување затворска казна.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово, кои подоцна го спровеле во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.