Апсења во Градски парк

На 17.09.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Д.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, информира МВР.

Во Градскиот парк вчера ја лишиле од слобода Е.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.

Во двата случаи по нивно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.