Апостолов дециден за „фалинките“ во здравството - Каков кадар работи во итните служби?

Последниот во низата трагедии во кои е инволвиран здравствениот систем е смртта на малата Јана, која почина во битолската болница. Обдукцијата треба да покаже дали има лекарска крешка при лекувањето на девојчето.

Ивица Апостолов кој е претседател на Здружение на медицински лаборанти - Клинички центар Скопје, а инаку е вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје со свој став за здравственито систем во земјава. 

Неговиот „освестувачки“ став ви го пренесуваме во целост:

-Здравствениот систем ни е полн со фаленки, а во итните служби недозволиво е да има системски грешки и за тие грешки мора да се одговара и по вертикала и по хоризонтала.

Јас лично не познавам во ниту еден европски ургентен интернистички или хирурши центар да медицинскиот кадар нема на домет при рака т.н. лекови за брза реакција, најмалку да губат греме во барање на клуч од шкафчето или во која соба им се лековите, а уште пострашно е здравствен работник да не знае да препознае што е васкуларен колапс, хиповолемија, бронхосмазам, диспнеа или хипоксија.

Не смее да се помисли во итна служба да работи медицински персонал кој не ги препознава трите фази на АШ, гастроинтестинални нарушувања и диспепсија. Непознавањето на системските реакции на организмот на шок, а кои се проследени со дефект на циркулацијата, иреверзибилна хипотензија и со срцева слабост, секогаш доведуваат до интензивен брохоспазам, цијаноза и прекин на дишењето.

Сето тоа непознавање доведува до фатален исход и кардиореспираторен арест.