Апелација денеска требаше да ги разгледува жалбите на Палчо и останатите обвинети - одложено рочиштето поради Боре Видевски

Рочиштето во Апелациониот суд во Скопје, на кое требаше да се разгледуваат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска не се одржа и е презакажано за 11 мај.

Од Судот информираат дека одложувањето е поради здравствени причини, односно поради тоа што обвинетиот Боре Видевски во моментот се наоѓа на болничко лекување.

На седницата требаше да бидат разгледани жалбите на осудените Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои со првостепената пресуда добија доживотен затвор за убиствата, како и казни затвор за грабнувањата.

Тие преку жалбите бараат укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно судење во Кривичниот суд.