
На социјалните мрежи кружи апел за пронаоѓање на жена од Прилеп која утрово излегла од дома, а последно била видена на автобуската станица во Велес.
- Исчезната е мајка ми Лилјана (72 години). Излезена е денес од дома околу 9 часот (во Прилеп). Последно е видена на автобуска станица во Велес, Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира на 077540068. Ве молам споделете, се наведува во апелот за помош при пронаоѓање на жената.