Апел за помош: Исчезна 12-годишно дете

Дванаесетгодишниот Ислаил Алији од Гостивар е исчезнат веќе трет ден. Информацијата на социјалните мрежи ја споделија негови роднини кои побараа помош од граѓаните за негово пронаоѓање.

Во моментот на исчезнувањето Ислаил на себе носел сина маица, црни тренерки и црни патики, а неговата фотографија кружи насекаде.

Се молат сите кои имаат било каква информација во врска со детето да се јават на следниот број 077 840 992.

Полицијата исто така извести за исчезнувањето на 12-годишниот штитеник на една од установите за згрижување на деца.