Апел на социјалните мрежи: Мајка од Прилеп очајно го бара својот син Виктор

Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп апелира до јавноста за помош откако тој исчезна во сабота околу 14:00 часот.

Според објавата на мајката Роза Илиоска на социјалните мрежи, на младото момче од Прилеп му се губи секоја трага од моментот на исчезнување. Виктор бил облечен во тегет ветровка, црни тренерки и сиви патики кога последен пат бил виден.

Семејството апелира до граѓаните кои имаат било каква информација што би помогнала во пронаоѓањето на Виктор веднаш да се јават на бројот за контакт: 076 303 292.