Антониа Гиговска со песна му одговори на поранешниот партнер: Гајле ми е за тебе

Младата пејачка и од неодамна мајка на момче, денес објави нова песна на српски јазик насловена "Брига ме". Таа беше во центарот на вниманието целата своја бременост, затоа што веднаш откако ја прекина својата врска со пејачот на Либеро бенд, Иван, започна врска и остана бремена од својот колега од бендот, но и пријател на поранешниот. 

Како што напиша таа на објавата на социјалната мрежа Инстаграм, најдобро е да му одговори со песна, што значи дека нејзината нова песна е посветена токму на Иван.

Во песната таа пее дека ги голтала сите пцовки затоа што се срамела, но сега ја чести последната тура во која поразот го сервира со лед, па сега тоа му треба, порачувајќи му дека повеќе не се грижи за него, па и е гајле за се.