Антикорупциска со истрага против Коста Петров

Антикорупциската комисија отвори предмет против некогашниот директор на Фондот за иновации, Коста Петров.

Предметот е во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“, која е издавач на сите негови книги, меѓу кои и веќе легендарната „Се гледаме на врвот“.

Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска кусо ја потврди информацијата дека по анонимна пријава ДКСК отворила предмет против Петров. Сепак, вели таа допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров. И пред и после неговата функција во власта, пишува 24.