Ансамблот „Танец“ на 20 декември ќе го одржи својот годишен концерт

Македонскиот ансамбл „Танец“ на 20 декември 2025 година во 19:30 часот во Националната oпера и балет ќе го одржи годишниот концерт под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, споделија од Министерството за култура и туризам.

Програмата ќе опфати избор од препознатливи кореографии, традиционални ора и музички изведби што го отсликуваат богатството на македонскиот фолклор.

Настанот го одбележува континуитетот на Ансамблот во зачувувањето и сценската интерпретација на културното наследство, претставувајќи го фолклорот во неговиот најпрепознатлив и автентичен облик.