
По повод големиот христијански празник Голема Богородица, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да не предизвикуваат пожари.
Ангелов посочи дека за празникот се очекува зголемена раздвиженост на луѓе и возила, што дополнително го зголемува ризикот од пожари на отворен простор.
„Ги замолувам граѓаните да бидат максимално внимателни да не предизвикаат пожар, бидејќи доволна е само искра за вистинска катастрофа“, порача Ангелов.
Од ДЗС апелираат граѓаните да избегнуваат неодговорно однесување во природата и внимателно да постапуваат со оган, особено во услови на високи температури и суво земјиште.