Ангелов контра градската администрација: Забраната за движење не се однесува за Водно

Во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ од денеска се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот, утрово информираа од град Скопје. Но, попладнево директорот на Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави информација дека забраната за движење не се однесува за парк шумата „Водно“ и уште неколку други локации ширум државата. 

Граѓаните може да се движат слободно и без ограничување на Водно, Шар планина, Пелистер, Галичица, Маврово, напиша Ангелов на својот фејсбук профил и објасни дека забраната за движење се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.

Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.