Андреа со беспрекорна изведба на „Circles“ на „Eurovillage“

Андреа, Констракта, Корнелија од Шведска и уште неколку евровизиски изведувачи настапија во рамките на „Eurovillage“, програма за фановите кои не успеале да купат билети за полуфиналињата и финалето.

Според евровизиските фанови и критичари, Андреа одлично владее со сцената и секој настап го изведува со огромна тонска прецизност. Публиката заедно со неа ги пее стиховите на „Circles“.

Слушнете како тоа звучи: