АМСМ со информации за сообраќајот утрово: Еве каде не е проодно!

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец село Лисец – Попова Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.