Ампева за македонскиот работник: Утре да му кажат до 100-че ќе работиш, тој ќе пишува на Фејсбук

Зголемување на старосната граница за пензионирање сепак нема да има. Овој предлог на Фискалниот совет наиде на жестока реакција кај граѓаните, а со свој став се јави и активистката за работнички права Кристина Ампева. 

- Вратете ги парите од ПИОМ што некој ги пљачкаше. Знаете вие добро кој, што, како и кога. А старосна граница за пензионирање може само да се намали, не да се зголеми. Пс. Инаку овој народ и работник што не се буди и не се активира, утре да му кажат до 100че ќе работиш, он ќе пишува на фб, наведува таа во својата објава на Фејсбук. 

- Ама кога зборам, не разбираат сериозно а се јават само кога имаат некој ситен проблем. Кога треба да се активираат, никаде ги нема. Кога ги бараш да се организираат, имаат работа, слава, роденден, па чистење по дома... Затоа сите власти ги научија што карактер имаме, имаат и затоа платата е каква што е. Здравство и образование е такво какво што е. Корупција и башибозук каков што си имаме. А децата наши си заминуваат од тој сервилен менталитет, ќути, има и полошо. Или ај на фб ќе коментираме. Абе освестете се веќе! И ми е гајле кој се осете навреден и повреден. Некој ќе се труди, другите ќе гледаат сеир! - сподели Ампева видно револтирана од апатичноста на македонските работници. 

Инаку, вчера портпаролката на Владата Марија Митева соопшти дека Владата не размислува да се зголеми старосната граница за пензионирање.