Амбулантни возила чекаат во заглавена колона, паркинг местата се лотарија, болните тешко се движат во гужвата

Хаосот на Клинички продолжува.Амбулантни возила чекаат во заглавена колона, нервозни возачи, паркинг местата се лотарија, болните тешко се движат во гужвата. Ова е секојневната слика во најголемиот здравствен комплекс во земјава.

-Еве амбулантно возило не можеше да помине, па за 5 минути ќе умре човекот, треба да се најде решение. Многу тешко се наоѓа паркинг, велат револтирани граѓани.

Министерот за здравство уште пред 2 години кога стапи на функција најави дека хаосот ќе го решава со две монтажни катни гаражи. Во септември годинава тендерот беше поништен зошто никој не се јави на повикот.

– Една од двете катни гаражи беше планирана на местото на стара гинекологија. Секојдневно оваа локација е пренаптрупана со автомобили.

Оние кои ќе најдат паркинг место пак, едвај можат да излезат од калта и водата.

Филипче повторно во јануари планира да распише нов тендер за катни гаражи.

-Паралелно на сето ова во изготвување ер проект да се направи влезна лента само за Ургентниот Центар без разлика за постапката на катните гаражи, изјави доц.д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Секој работен ден низ комлексот клиники Мајка Тереза поминуваат илјадници автомобили, над 5000 пациенти , нивни роднини и околу 2000 вработени.