Алијанса за Албанците: Ги поддржуваме приватните превозници, Арсовска да ги прифати нивните барања

Алијанса за Албанците ги поддржува протестите на возачите на приватните автобуси во Скопје и се солидаризира со нивната борба за правда, велат од партијата.

-Нивните барања се праведни и легитимни. Ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, под итно да седне на маса со приватните превозници, бидејќи покрај нив, сериозно се оштетени и граѓаните кои деновиве се соочуваат со недостиг на транспорт и хаос во сообраќајот. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи во овие денови и да имаат разбирање за превозниците кои водат битка за елементарно право коешто неправедно им се ускратува - соопштуваат од Алијанса за Албанците.