По распродадениот концерт во Скопје, Александра Радовиќ на 30 јули ќе настапи и во Античкиот театар во Охрид.

Публиката ќе има можност во амбиентот на една од најатрактивните концертни сцени во земјата да ги слушне нејзините најпознати песни, меѓу кои „Чувам те“, „Бивши драги“, „Ако никада“, „Не хвала“, како и други хитови што со години се дел од нејзиниот репертоар.
Интересот за концертот е голем, особено по скопскиот настап за кој се бараше билет повеќе. Радовиќ, која неодамна беше прогласена за најдобра поп-пејачка во регионот од „Златна бубамара на популарноста“, повторно ќе настапи пред македонската публика.
Концертот ќе се одржи на 30 јули со почеток во 20 часот, во Античкиот театар во Охрид.
Билетите се во продажба преку платформата e-ticket.mk.