Александар Трајановски е нов заменик-градоначалник на Град Скопје

Од Град Скопје пристигна информацијата за назначен нов заменик градоначалник. 

Имено, на позицијата е именуван Александар Трајановски.

„Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година. Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација. Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ - АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.


Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје“, се вели во соопштението на Град Скопје.