Албанец баран од Интерпол уапсен на еден македонски граничен премин

Уапсен млад Албанец на Ќафасан. 

На 08.02.2023 во 15.25 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(29) од Република Албанија. При извршена контрола било констатирано дека тој бил баран по меѓународна потерница од Интерпол – Визбаден, Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираа од МВР.