Активностите се во тек - Оваа скопска општина веќе е посветена на новогодишното украсување

Општина Бутел ќе блесне во досега најубаво новогодишно руво, најави градоначалникот Дарко Костовски.

- И оваа година новогодишната бајка повторно ќе пристигне во општина Бутел.  Оваа година ќе го имаме најубавото украсување и најубавата новогодишна бајка, соопшти Костовски. 

Ативностите за новогодишно украсување, како што рече, се во тек и наскоро оваа скопска општина ќе блесне во новогодишно руво!