Ако жената изгледа и се чувствува одлично и после многу години брак и деца - честитајте му на мажот

На сите ни е позната изреката дека зад секој успешен маж стои жена. Но, кој стои зад задоволната, негуваната, привлечна жена и после многу години брак и воспитување на децата?

Велат дека за ова треба да му се честита на мажот, затоа што тоа е негова заслуга. Жената која изгледа и се чувствува добро не била малтретирана од мажот на кој било начин. Тој не ѝ ги префрлил сите обврски на нејзин врат. Не ги делел обврските на машки и женски. Не се дерел. Не го критикувал нејзиниот ручек секој Божји ден. Немал проблем со здолништето над колена. Никогаш не ја удрил.

Напротив – мажот ѝ помагал. Тој едноставно не верувал дека круната ќе му падне ако го измие садовите. И тој знаел да подготви вечера, понекогаш дури и да го утне јадењето, но за неа вкусот на љубовта бил поважен од тоа дали јадењето имало или немало сол.

Тој ја тешел кога се плашела, кога била во дилема, кога била загрижена. Така добил преубава, елегантна жена која и натаму сака да биде таква и за него и за себе.

Како? Лесно, затоа што блескаме од комплиментите, а бакнежите и прегратките нѐ подмладуваат.

Таа уште повеќе го сака, баш затоа што е таков. Уште повеќе се труди околу него, баш поради тоа што е таков.

Изгледот и емотивната состојба на жената најдобро зборуваат за тоа каков маж има и што преживува дома.