Ако ве мачат плускавци, лекот го имате во вашиот дом!

Многу често се случува да ни се надразни кожата на нозете, како последица од неудобни или неквалитетни обувки, долго пешачење или стоење и слично. Болката знае да биде непријатна и долготрајна. Плускавците се исполнети најчесто со проѕирна течност, но може и да загнојат доколку се инфицираат. 

Овие неколку домашни лекови ги има во секој дом, доколку имате проблем со плускавците пробајте некој од нив:

АЛОЕ ВЕРА

Алое верата има неверојатно дејство против воспаленија. Го намалува црвенилото и дополнително ја хидрира кожата на оштетеното место. Хидрирањето на оштетената кожа е неопходно за побрзо заздравување. Се препорачува на местото да нанесете гел од Алое вера, кој откако ќе се исуши треба да го исплакнете со млака вода. Некои препорачуваат да се користи во комбинација со масло богато со витамин Е.

ЦРН ЧАЈ

Црниот чај има слично дејство како и Алое вера. Делува позитивно против воспаленијата и го намалува црвенилото. 250 милилитри вода и само една кесичка црн чај. Истиот треба да остои во претходно зовриена вода околу 5 минути. Откако водата ќе се излади, со памук нанесете врз оштетената кожа и оставете го да отстои 20-30 минути. Постапката е најдобро да се повторува 2-3 пати на ден додека раните не зараснат.

Паста за заби

Поради состојките кои ги содржи, како сода бикарбона и ментол, пастата за заби може да помогне во справување со болните плускавци. Затоа, ставете малку паста за заби на зафатената област и оставете ја да стои околу 2 часа. Потоа отстранете ја со млака вода и ставете крем за стапала. Повторувајте ја постапката 1 до 2 пати на ден, сè додека плускавецот не исчезне. На овој начин се овозможува побрзо сушење на плускавците и се намалува болката и чешањето.

Напомена: Не ставајте паста за заби која е наменета за белеење на забите.

Витамин Е

Позитивно делува на кожата воопшто. Маслото богато со витамин е се нанесува на разранетата површина со помош на памук, каде би требало да отстои не повеќе од 30 минути. Постапката се повторува неколку пати на ден додека местото не зарасне.