Ако сте ја искубале Шеќеринска - 4 години затвор, ако сте одзеле живот на девојка - 2 години затвор - Јавноста во шок по најновата пресуда

Бурни реакции во јавноста по вчера објавената пресуда се возачот кој прегази млада девојка на пешачки премин во Тетово. 

Основниот суд во Тетово донесе пресуда со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која трагично загина 22-годишната Теодора Ристевска од Тетово. Несреќата се случи во август 2022 година, но судскиот процес траеше повеќе од две и пол години, оставајќи ја нејзината фамилија во неизвесност и болка. 

Јавноста реагира дека и тоа малку доверба што е останата во судството и правдата веќе ја нема. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи: 

- Да повториме: Ако сте ја искубале Шеќеринска, добивате 4 години затвор. Ако сте одзеле живот на девојка, која поминувала УРЕДНО на пешачки премин, добивате 2 години затвор.

- Ако утре судијата Елфедин Ферати влезе во судот во Тетово како судија, а не во Шутка како осомничен за тешки кривични дела, ние не ни заслужуваме правда!

- Ги докрајчивте и така веќе уништените родители и сестри. Барем судската пресуда да беше некоја " утеха" (која во никој случај не може да биде). Ама и тоа не го сторивте. За убиство на младо девојче - две години?