Ако секоја ноќ се будите во исто време – организмот ви праќа сериозна порака!

Традиционалните кинески лековити методи обрнуваат внимание на шаблоните на поставување на енергијата и нејзиното движење во различните делови на телото во различни периоди. Во текот на 24 часа, телото дава различни енергии на различни органи.

Доколку константно се будите во исто време, тоа може да значи дека некои енергии се блокирани или погрешно усмерени. Тоа ја нарушува вашата природна рамнотежа и циклус, а со тоа  се нарушува и здравјето на органите. На вашите органи им е потребна енергија за да се излечите и функционирате.

Еве една листа која ја објаснува поврзаноста на времето и органите во телото. Многу од тие блокади треба да се разгледуваат и од физички, но и од емоционален аспект. Треба да размислите што и кога сте јаделе, затоа што тоа може да биде причина за вашите симптоми и причината заради која се будите среде ноќ.

21:00 – 23:00 часот

Тоа е просечното време кога поголемиот дел од луѓето се обидуваат да заспијат. Ова е времето кога нашиот ендокрин систем се ребалансира и се полни со ензими. Ендокриниот систем управува со хормоните и метаболизмот.

 Доколку имате проблеми со спиење во овој период, вие се уште сте психички заглавени во настаните кои се случиле во текот на денот или се подготвувате за утрешните предизвици. Повторувајте позитивни мантри и ослободете се од причината која ви предизвикува напнатост. Доколку правилно не се храните или пак предоцна јадете, тоа може да доведе до блокади.

23:00 – 01:00 часот

Ако често се будите во овој период, тоа може да биде заради некои грижи и замерки кои ги носите во себе. Ова е време во циклусот од 24 часа кога енергијата „јин“ се претвора во „јанг“. „Јанг“ енергијата е многу активна, а оваа енергија телото треба да ја сочува за следниот ден. Зголемете ја љубовта и почитувањето кон самите себе, дајте се од себе да се смирите и да ја зачувате енергијата. Ова е време кога жолчниот меур ги разбива мастите. Можеби внесувате премногу нездрави масти.

Продолжува на следната страна...

01:00 – 03:00 часот

Ова е клучно време за детоксикација и процес на обновување. Вашиот црн дроб ги испушта отровите и создава свежа крв. Будење во ова време укажува на лутина, фрустрација и негативни мисли. Доколку не се ослободувате од овие духовни отрови, вашиот „духовен црн дроб“ се обидува да ви го привлече вашето внимание на овие проблем.

03:00 – 05:00 часот

Ова е време кога вашите бели дробови се опоравуваат и го опремуваат вашето дело со кислород. Проверете дали ви е доволно топло за да можете да ја олесните работата на телесните функции. Ако се разбудите за време на овој период, обидете се да правите вежби за дишење. Проблемите со белите дробови често се однесуваат и на некоја внатрешна болка и тага.

05:00 – 07:00 часот

Сите отрови кои се испуштени и разградени за време на ноќта излегуваат од системот. Дебелото црево е активно за време на овој период. Лошата исхрана или јадењето предоцна може да доведе до проблеми кои ќе ве разбудат во овој период.