Ако се жалите, од себе правите жртва: Престанете со тоа!

Луѓето ќе ве повредат, ќе ве изневерат, ќе ја уништат вашата доверба и ќе зборуваат лошо за вас. За жал, тоа се случува. Но, дали во таквата ситуација се гледате себеси како жртва или како некој кој може да ја контролира ситуацијата?

Да дефинираме прво што е тоа жртва. Жртва е некој кој е повреден како последица на несреќа, криминал или друга ситуација. Се појавува во различни форми и облици.

Може да бидете изневерени, можете да бидете жртва на страшно злостоство, можете да бидете жртва на сопственото однесување и размислување. 

Кога се жалите од себе правите жртва. Напуштете ја таквата ситуација, променете ја ситуацијата или прифатете ја, вели Екарт Тол.

Кога сме во улога на жртва, дозволуваме да бидеме совладани, осамени или пак да мислиме дека го заслужуваме тоа. Меѓутоа, постојат работи кои можете да ги направите за да го избегнете тоа.

Напуштете ја ситуацијата

Поставете си го ова прашање: Можам ли да ја напуштам ситуацијата или да се тргнам себеси од неа? На пример, ако сте во врска, а вашата доверба е уништена од некоја причина, можете ли да ја напуштите таквата ситуација?

Време е тоа да се промени. Можете да отидете кај пријател, да побарате помош, да позборувате со некого или едноставно да ставите крај на врската.

Променете ја ситуацијата

Наместо да чекате ситуацијата или личноста да се променат, размислете што можете вие да направите? Не можете да ја присилите личноста да се промени, но можете да влијаете на промената. Можете само да делувате како катализатор н промената.

На пример, ако живеете со член на семејството или партнер кој има проблем со злоупотреба на дроги, што можете да направите? Можете да поставите граници и можете да и дадете до знаење на другата личност што е прифатливо, а што неприфатливо однесување.

Прифатете ја ситуацијата и променете го своето размислување

Прифаќањето на ситуацијата значи прифаќање на ситуацијата, но и избегнување на размислувањето дека сте жртва. Вие ќе си ја вратите сопствената моќ и глас и ќе сфатите дека имате потполна власт над своите мисли, дела и тогаш вашите реакции ќе се променат, а таквите реакции ќе ви го променат животот.