Ако се вратат, не им дозволувајте да го скршат вашето срце повторно

Кога ќе се вратат, сè што сте чувствувале за нив ќе помине низ вашиот крвоток, повторно. Кога ќе се вратат, ќе го вдишете нивното име како стар спомен, кој се враќа повторно како да сака да ве уништи, но не сте свесни за тоа. Кога ќе се вратат, вашата смеа ќе биде иста. И допирот. И надежта.

Кога ќе се вратат, прво нема да можете да се сетите зошто завршија нештата меѓу вас. Нема да се сетите на нивната агресивност, на начинот како нивните зборови ве повредија. Кога ќе се вратат, нема да можете да се сетите како ве пресече нивното „збогум“. 

Како и да е, кога ќе се вратат – немојте да бидете слепи. Не ги затворајте очите кон минатото, кон раните. Тешко ќе биде. Знаеме дека ќе биде тешко. Знаеме дека нивниот глас ќе го исполни воздухот меѓу вас, и тоа ќе ви изгледа како најубава песна. Ќе бидете сигурни дека се смениле, како да станале токму онакви какви што секогаш сакавте да бидат. 

Тие беа вашето „сè“. Вашата сегашност и иднина, и вашата безбедност.

Но, не заборавајте дека тие ве повредија.

Кога ќе се вратат, не заборавајте дека тие ве напуштија. Тие беа оние кои се откажа. Не заборавајте на месеците кои ги поминавте надевајќи се дека ќе се вратат, или барем дека ќе се извинат. 

Сетете се на мразот во вас, на темната зима која ве тераше да се будите нервозни и на секој трепет кога ќе го слушневте нивното име. Сетете се на секоја бессона ноќ, секоја болка и секој момент на неспокој.Сетете се дека вредите за љубов која ќе се бори за вас, која ќе ве штити. Сетете се дека вредите.