Ако сакаат да си заминат од вашиот живот, пуштете ги да си одат, но не дозволувајте им да се вратат назад

Љубовта и пријателствата знаат да бидат тешки и комплицирани.

Тоа се должи на тоа дека често едната страна се чувствува како да вложува и дава повеќе, а другата недоволно. Велат лесно е да се заљубиш или да започнеш пријателство, но тешко е тоа да се одржи. Меѓуовечките односи бараат ангажман и вложување од двете страни, а ако тоа не се случи, тогаш недостасуваат и почитта и довербата.

Зошто ги чуваме до себе луѓето кои не ни даваат доволно? Зошто се вложуваме и истоштуваме во односи кои нè трошат, а не ни го носат она што ни е потребно?

Одговорот е дека можеби се плашиме да останеме сами или пак мислиме дека ќе се сменат. Но, вистината е дека кога некому ќе дадеме милион шанси, таа личност наместо да ни возврати, решава да си замине. 

Потоа, повторно запловуваме во истите води – се обвинуваме, се прашуваме што тргнало на лошо и каде сме згрешиле. Но, грешката не лежи во нас. Кога даваме и даваме шанси повторно и повторно и веруваме во најдоброто.

Кога некој ќе си замине од вашиот живот, оставете го и пуштете го да види како ќе изгледа неговиот живот без вас. Оставете ги, не ги барајте, не се обидувајте да ги научите на лекции кои никогаш нема да ги разберат. Дури и да ви е тешко, работете на себеси и потсетете се дека тие не заслужуваат ниту една шанса повеќе.

Сите паѓаме во искушение да ги пуштиме назад оние кои си заминале без да размислат каква болка создаваат, но тоа е најголемата болка која самите си ја предизвикуваме. 

Не ги пуштајте назад, а кога ќе си заминат посакајте им добар пат бидејќи нивното место не е во вашиот живот.